Радио Кочани
Кочани

Во Лесковац – 18 медали за каратистите на „Партизан“

101

Вчера, недела (02 03 2025 год), во Лесковац – Р.Србија во организација на Карате клубот ИПОН од Лесковац се одржа меѓународен натпревар ИПОН КУП 2025 .

На овој турнир учествуваа вкупно 560 натпреварувачи од 26 клубови од Србија, Бугарија и Македонија.

Карате клубот „Партизан“ настапи со 23 натпреварувачи во дисциплините „Ката“ и „Кумите“. Нашите натпреварувачи покажаа одлични настапи и постигнаа одличен резултат освојувајќи вкупно 18 медали и тоа: 6 златни, 4 сребрени и 8 бронзени медали.

Успехот е дотолку поголем поради тоа што на овој натпревар поголем дел од нашите натпреварувачи по прв пат учествуваат на еден ваков турнир.

Сето ова како и наредните еден до два турнири ке преставуваат подготовка на нашите натпреварувачи за Државното првенство за деца од 10 до 13 години што ќе се одржи во месец април 2025 год., кое воедно претставува и изборно првенство за состав на Репрезентацијата на Македонија за учество на Европското првенство, рече во својата изјава за Радио Кочани, Оливер Коцев, тренер на екипата на КК „Партизан“.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio