Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ улиците во Грдовци најавувајќи го со песната “Вечниот Бог” утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање.
Поворката во која учествуваа околу 60тина деца, тргна од Црквата Света Троица, се движеа низ улиците низ селото и заврши во црквата каде им беа поделени пакетчиња.
Ги имаше од сите возрасти, дојдени и од Зрновци, Мојанци и Горни Подлог да учествуваат во оваа возобновена православна традиција. Придружувани од свештеникот Илчо Миленковски, членови на Црковниот и организациониот одбор, најмалите деца од Грдовци со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.