Радио Кочани
Кочани

Кражби на трафостаницата го оставија Кучичино без вода веќе пет дена

914
Две кражба на делови од трафостаницата од каде  со електрична енергија се снабдуваат пумпите ги остави без вода жителите на селото Кучичино. Таквата состојба трае веќе веќе петти ден.

Директорот на комуналното претпријатие од Општината Чешиново – Облешево, Дени Анакиев, информираше дека првата кражба се случила на 31 декември минатата година по што новогодишната ноќ мештаните на Кучичино ја поминале без водоснабдување. Набргу потоа се случила и втората кражба што комплетно ја онеспособило трафостаницата.
Градоначлникот Далибор Ангелов обезбедил неопходни количини флаширана вода за пиење од брендот „Изворска“. Дотурот со ваква вода ќе продолжи и денеска.
„Како комунално претпријатие немаме луѓе и техника самите да го решиме проблемот. Празници се, неработни денови. Ангажиравме фирма која в среда (8 јануари), што е прв работен ден, ќе започне со активности за отстранување на дефектот на трафостаницата. Дотогаш, верувам, градоначалникот ќе овозможи доволни количини вода за пиење за мештаните од Кучичино“, нагласи, Анакиев.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе