Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во селото Спанчево, за прв пат, повеќе од 100 деца ќе учествуваат во традиционалната бадникова поворка и ќе го најават Христовото раѓање со пеење на песната “Вечниот Бог”.
На 7 јануари, детската поворка ќе започне во 9 часот од храмот „Свети Архангел Михаил“, а ќе се упати кон главниот влез на селото, односно кружниот тек.
Настанот е дел од локалните бадникови свечености, кои со години се одржуваат во Спанчево и претставуваат важен дел од верските и културни обичаи на оваа заедница. Дечињата, со своето пеење и радост, ќе ја пренесат радоста на Христовото раѓање и ќе ја засилат празничната атмосфера во селото.