Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 1 јануари 2025 година околу 10:45 на Одделението за Гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Есенѓул Демирова од Виница го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Семин и е трета рожба во семејството Демирови.
Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето.
Врчувајќи им ги традиционалните подароци им поска добро здравје и многу среќа, а упати и благодарност до персоналот што го изврши породувањето.
Според податоците од гинекологот Илчо Атанасовски, породувањето поминало добро.
Негова оценка е дека 2024 година ја поминале со 22 породувања, 1.500 прегледи, како и 225 хоспитализации.
Директорката на Центарот за култура „Бели мугри“, Габриела Стефановска на родилката Еснеѓул и подари слика од уметникот Танас Дедов.
Подарок доби и од директорката на Општата болница – Кочани, Кристина Серафимова.