Радио Кочани
Кочани

На 6 – ти јануари – БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ГРДОВЦИ

211

Со благослов на свештеникот Илчо Миленковски оваа година за прв пат ќе има Бадникова поворка во Грдовци.

Со макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска песна „Вечниот Бог“, децата од Грдовци, на кои им се приклучија неколку деца од Општината Зрновци и селата Мојанци и Горни Подлог, како дел од Бадниковата поворка ќе го наговестуваат раѓањето Христово.

Од организациониот и Црковниот одбор, дечињата ќе добијат пакетчиња и други пригодни награди. Малите коледарчиња кои се симбол на ангелите што ја носат веста за Христовото раѓање, на 6-ти јануари ќе тргнат од црквата Света Троица во 10:00часот.

Поворката ќе се движи по улиците низ селото, ќе се движи до манастирот Свети Дух, потоа до манастирот Света Петка, па по улицата која води кон Мојанци и ќе заврши во црквата Света Троица.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе