Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по 23. пат го одржа новогодишниот концерт.
Пред многубројната публика во салата во Оризари, членовите на ФА „Љупчо Сантов“ се претставија со разновидна програма – инструментална изведба на тапани, песни и ора. Премиерно беше изведен фрагмент од орото Малешевка, а концертот заврши со орото Комитска легенда.
ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари работи и го негува изворниот фолклор близу 5 децении. Ансамблот има околу 200 членови организирани во групи во Оризари и во Зрновци.
Во 2024 година ФА „Љупчо Сантов“ настапи на многубројни фестивали, манифестации, работилници и на емисии во Македонија и во странство, успешно презентирајќи го изворниот фолклор од Осоговијата.
Покрај добиените благодарници, дипломи и пофалници за учество на домашните и на меѓународните фестивали во 2024 година, ФА „Љупчо Сантов“ освои и награди на фестивалите со натпреварувачки карактер.