Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Измина уште една година за некого успешна, за некои вообичаена, а други пак се незадоволни од текот на настаните изминативе 366 дена.
Сепак едно е сигурно, сите без исклучок се надеваат на Среќна и успешна нова 2025 година, исполнета со многу љубов здравје и благосостојба.
Што се однесува на професионален план Радио Кочани беше помеѓу вас 52 седмици, седум дена во неделата, по 24 часа на ден со одбрана музика за сите вкусови и информации за се што се случувало во Источниот регион.
Ги следевме модерните текови и најновите технолошки достигнувања, па освен во аудио настаните ви ги пренесувавме и во видео формат.
Имено, тоа го постигнавме благодарение на нашите долгогодишни пријатели, спонзори и коминтенти, кои секој на свој начин, потреби и можности беа со нас, непрекинато, а верувајте ги имаше многу, или поточно толку, колку што беше потребно да ги покриваме сите давачки потребни за континуирано и непречено работење.
На крајот годината ја завршуваме со вообичаените честитки, желби и пораки за среќна и успешна Нова 2025та година и празниците што следуваат, од околу 170 наши успешни коминтенти.
Во просек според статистиката, месечно имавме по 765 илјади слушатели, гледачи и читатели, поддржувачи на Радио Кочани, медиум и бренд, кој се бори на овие простори цели 70 години.
Благодарни сме на вашата поддршка и љубов во текот на целата оваа година која изминува. Посакуваме уште многу години пријателство. Заслужувате се најдобро, нека ви се остварат сите желби.
Новата Година е нов почеток нека ви се исполнат сите соништа бидете среќни и веселете се за она што доаѓа.
На полноќ кога стрелките ќе се поклопат посакајте си многу здравје, љубов, среќа и мир.
Среќна Нова 2025та година.