Радио Кочани
Кочани

Заврши рехабилитацијата на железничкиот премин кај Подлог

308

Општина Кочани и ЈП Македонски железници ја завршија рехабилитацијата на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин кај Подлог. Со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот, Општина Кочани изведе и градежни работи за негово проширување.

 Претходно се рехабилитираа и се модернизираа премините преку железничката пруга кај Основниот суд на ул. „Никола Карев“ и кај Ветеринарната станица, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.

Поради големата фреквенција на сообраќај на овој потег, се повикуваат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и претпазливи.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе