Радио Кочани
Кочани

ОК на ВМРО – ДПМНЕ: 120 пакети со прехранбени и хигиенски средства за лица од социјален ризик

454

ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани денеска собра средства, прехранбени и хигиенски продукти од кои може да се направат пакети за 120 лица што имаат егзистенционални и социјални проблеми. Акцијата се одржа во Паркот на Револуцијата и имаше хуманитарен карактер во пресрет на Нова година и Божик.

„Во наредните два дена пакетите ќе бидат доставени до лица или семејства во Кочани и населбата Оризари на кои навистина и најмногу им се потребни“, информираше Гоце Марков, претставник на ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе