Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов одржа работен состанок со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и со директорот на ЕВН КЕЦ – Кочани Стојан Марков, на кој се разговараше за олеснителните можности за приклучок и исплата на електричната енергија на локации во Кочани каде што е констатирано неопходно подобрување на квалитетот на услугите за користење електрична енергија, особено во однос на стабилноста, квалитетот и сигурноста во дистрибуцијата.
Претставниците на ЕВН – Кочани информираа за моменталната состојба и фазата на реализација на планот за развој на електричниот дистрибуциски систем за КЕЦ Кочани, согласно развојниот план за периодот 2021 – 2025.
Во присуство на членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов и на претседателот на УЗ 4 Бејсим Шакиров се презентираа предлози за изнаоѓање решенија за подобрување на електричното напојување на краткорочен и долгорочен план на неколку улици во Кочани.
Работниот состанок е во рамките на постапувањето на Општина Кочани по донесена одлука од Советот за финансиска поддршка на семејствата во социјален ризик во Старата касарана.