Малина Попиванова и нејзиното семејство, едно од првите во Кочани што ја прифатило комунистичката идеја, беа епицентар на исказите што можеа да се слушнат на промоцијата на книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“, чии автори се Доне Донев, професор по македонски јазик, и Ѓорги Ајановски, новинрар, кој објави серијал за Попиванова во весникот „Нова Македонија“ пред повеќе од дваесет години.
Промоцијата се одржа во Библиотеката „Искра“, промотор беше универзитетскиот професор, Виолета Ачкоска, делови од нигата читаше актерот Страшко Милошевски.
На промоцијата присуствува членови на семејството на Малина Попиванов, меѓу нив и Оливер Попов, внук на Попиванова, кој за пориликава допатува од Шведска каде што во моментов живее.
Свои моменти пред публиката што ја наплни малата сала во Библиотеката „Искра“ имаше и еден од авторите, професорот, Доне Донев.
Издавач на книгата на Донев и Ајановски е Печатницата „Европа 92“. Без чувството за за важните работи од историјата на ова поднебје и на Македонија, што го поседуваат првите луѓе на кочанската печатница, „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ многу потешко би се појавила пред читателската публика.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе