Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Протестот по крстосницата кај двојниот мост во Кочани, продолжи кон зградата на Општина Кочани, каде граѓаните го истакнаа незадоволството од насилното депонирање на отпад од другите општини на Градската депонија во Кочани.
Потоа, тие со градоначалникот Папазов се сретнаа пред Мултикултурниот центар, каде дебатираа за состојбата со депонијата.
По дискусијата, се одржа и 56 седница на Советот на Општина Кочани, каде советникот Венко Крстевски ги прозава директорката на КЈП „Водовод“ и градоначалникот Папaзов да се произнесат за состојбата на депонијата.
Исто така, Крстевски побара да се почитува одлуката за забрана на депониирање отпад од другите општини.
Заклучок на Крстевски, доби едногласна поддршка од советниците и тој беше усвоен со 19 гласа „За“.