Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Необичен хуман гест од Христијан Ристов, сопственик на „Техно кул К – Лара“ од Теранци, денес заедно со неговите вработени и соселани поделија повеќе од 700 новогодишни пакетчиња и ги израдуваа дечињата од градинките и училиштата во општина Чешиново-Облешево.
Исто така, со пакетчиња им посака среќна Нова година и на вработените во општинската зграда заедно со градоначалникот овој весел Дедо Мраз со пајтонот кој е сопственост на Љупчо Цветанов (Мамли) од Теранци и коњот кој е сопственост на Никола и Јован од селото Кучичино дојде во Кочани и заедно со новогодишната елка во трговскиот центар ги израдува минувачите со симболични подароци и фотографии и им посака уште посреќна и побериќетна 2025 година со мир, човекољубие и благосостојба.
-Наша новогодишна желба би била да се појават повеке вакви дедо меазовци како чичо Кици кои ке не развеселуваат преку цела година со добри дела и споделување човечност. И пекара „Штипски сокак“ помогна за реализирање на идеата со украсување на кочиата и донирање на колачиња се вели во соопштението испратено до нашата редакција.
Караванот со Дедо Мраз планира да продолжи и во Виница и околните села.