Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во најголемата компанија во регионот ,,Амфенол”деновиве се заокружуваат активностите за оваа година и веќе е направен планот за реализација на проектите кои ќе следат.
Компанијатаќе ја испрати 2024 година со над 3.000 членови на тимот, но и во подготовка на она што најмногу ќе ги израдува сите вработени – покачување на платите.
Во време кога секој денар е важен а секој прилив на средства е добредојден ,,Амфенол” ги покачува платите на сите свои вработени.
Во компанијата секогаш се трудат да одговорат на потребите на вработените и да им обезбедат економска и социјална сигурност и токму тоа ја прави една од најбараните средини за вработување. Повисоките плати но и годишните бонуси ќе ги мотивираат сите вработени, особено и поради тоа што се соочуваме со секојдневни предизвици кои ги носат инфлаторните промени и големите животни трошоци.
Вработените се најважниот ресурс за ,,Амфенол”, а грижата за нив останува врвен приоритет и во иднина и тоа е еден од основите предуслови за големиот интерес за вработување во ,,Амфенол” од различни профили на кадри од целиот регион регион.
Во однос на социјалната сигурност и грижата за здравјето и следната година вработените во компанијата ќе ја имаат привилегијата на користење на услугите на приватното здравствоза лекување и прегледи во најголемите приватни клиники. За сите свои вработени ,,Амфенол” покрај државното, продолжува со плаќањето и на приватно здравство, што е реткост за фирмите во државата, а полиси за здравствено осигурување по најповолни услови може да се прават и за членови на семејствата на вработените. Ова е голема предност, а со условите кои се обезбедени за вработените и нивните семејства, во голема мера се придонесува воунапредување и грижа за здравјето кое е најбитно.
Сите овие убави вести кои доаѓаат од ,,Амфенол” пред крајот на оваа година, ќе бидат заокружени и со пригодни забавни настани во кои вработените во АТМ заслужено ќе можат да уживаат.
Така во текот на утрешниот ден, во ресторан ,,Амор” над 900 деца на вработените,ќе добијат новогодишни пакетчиња од ,,Амфенол” и заедно ќе се радуваат на новогодишната бајка специјално подготвена за нив.
Веќе вечерта, за сите вработени е организиран предновогодишен коктел, да се прослави заминувањето на уште една успешна година за компанијата и да се споделат желби за здравје и идна благосостојба која сите ја заслужуваме.