Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Празнична радост за сите: Инклузивна прослава за лицата со попреченост организирана од „Амфенол“ и Бочија Клуб Зоја – СА3
Лицата со попреченост наидуваат на повеќе проблеми и потешкотии во секојдневниот живот. Еден од водечките проблеми е недоволната или воопшто никаква вклученост на овие лица во повеќе сегменти на општественото живеење, вклучувајќи разни културни и уметнички настани и активности.По тој повод, во екот на новогодишните и божикни празници Амфенол Технолоџи Македонија заедно со Спортска Асоцијација Бочија Клуб Зоја – СА3 Кочани организираше новогодишна прослава за лицата со попреченост. Да се биде дел од една ваква прослава со многу игра и забава и насмеани лица насекаде, која беше надополнета со Пинокио – маскотата Mickey Mouse и новогодишни подароци, претставува огромна чест и задоволство. Овој настан е само почеток на понатамошна соработка.