Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ и симпатизери на Југословенскиот претседател го одбележаа 29 ноември – Денот на поранешна Република Југославија.
Со возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии на патронот и други обележја, следбениците на Тито продифелираа низ кочанските улици, потсетувајќи ги граѓаните на еден од најголемите празници во поранешна Југославија.
Годинава се одбележува 81 година од основањето на социјалистичка Југославија.