Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КЈП „Водовод“ во пресрет на најавите за минусните температури упати апел до корисниците на нивните услуги да се грижат за водоводните приклучоци, односно да не дојде до пукање на стакло на водомерот или пукање на цевки, потребно е тие да не ги остават инсталациите подолг период без надзор кога истите се во полна сосотојба, а без проток на вода.
Исто така, постои и можност инсталациите да замрзнат доколку истите не се прописно вградени на соодветна длабочина и ако во завртните славини кои се монтирани над водомерот не е испуштена водата.
Во услови на ниска температура, пожелно е корисниците редовно да ги проверуваат водоводните шахти и водомерите, да ги осигураат капаците, а во случај на екстремно ниски температури, потребно е и дополнитено да се заштитат инсталациите и во водоводната шахта со заштитни средства.
При ниски температури потребно е да се води сметка и за внатрешните инсталации кои подолг преиод се во незагреани простории или се во простории со незаштитени отвори (скршени прозорци).
Во случај на пукање поради замрзнување на приклучоците во водоводната мрежа или на водомерите можете да се јавите во нашата дежурна служба на телефонскиот број 071 226 391