Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 150 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.
По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија општинска делегација предводена од градоначалникот Љупчо Папазов, директорката Милева Богданова со вработени во училиштето и ученици.
По повод празникот на училиштето, во петокот во Спортската сала во Оризари беше приредна богата свечена програма.