Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва во спортската сала на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари беше одбележан патрониот празник, оддавајќи почит на ликот и делото на големиот македонски просветител, јазичар и реформатор – Крсте Петков Мисирков.
Патрониот празник беше насловен како „Учениковизија” со изведба на најпознатите евровизиски хитови.
Свеченоста започна со пригодна програма подготвена од учениците и наставниците, кои преку рецитации, драматизации и музички изведби го претставија значењето на Мисирков за македонската култура и историја.
Во своето обраќање, директорката на училиштето Милева Богданова ја потенциршеа важноста на делото на Мисирковов за зачувувањето на македонскиот јазик и национален идентитет.
Со гордост и посветеност, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари останува посветено на својата мисија – образување и воспитување на идните генерации во духот на знаењето, традицијата и почитувањето на македонските вредности.
Радио Кочани им го честита патрониот празник на сите ученици, наставници и родители!