Радио Кочани
Кочани

Началник на ОВР – Кочани со службена легитимација избегнувал да плаќа патарини

1,825

Кривична пријава за 45 годишен полициски службеник кој се сомничи за „злоупотреба на својата службена положба“.

Пријавениот, вработен во МВР како началник на Одделот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените само им ја покажувал својата службената легитимација.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека ваквите постапки се срамни, а сторителите мора да сносат одговорност.

 

Може ќе ви се допадне
Kocani Radio