Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Организационите способности, секогаш доаѓаат до израз.
Градоначалникот на општина Зрновци денес ја објави Програмата за Одбележување на Денот на општината 8–ми Ноември и чествувањето на Храмовата слава СВЕТИ ДИМИТРИЈА – Црква во Зрновци.
Четири дневната сеопфатна програма опфаќа настани буквално за сите генерации. Вечерашна и утринска литургија со вечера и ручек за верниците, Културни манифестации, Фолкорен фестивал, Стенд ап настап, Забава за младите со познати музички групи , спортски настан, крводарителска акција, традиционален планински марш и се разбира традиционални јадења приготвени од вредните раце на домакинките во општина Зрновци.
Иако со скромни сретства и мала кадрова екипираност Локалната самоуправа на општина Зрновци секогаш успева да биде пример во Истокот во секој поглед.