Радио Кочани
Кочани

Отворен 18. Саем на книгата Кочани

42

Од 4 до 9 ноември во организација на Јавната општинска установа библиотека „Искра“, под мотото „Сакам бистар ум – затоа читам“, се одржува 18. Саем на книгата во Кочани.

Саемот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

– Со овој традиционален културен настан градиме култура кон читањето и во овој век на дигитализација и брз техничко-технолошки напредок книгата, сепак останува во мода – истакна Папазов. Цитирајќи го нобеловецот Ернест Хемингвеј градоначалникот ги повика младите што повеќе да бидат со најлојалниот пријател – книгата.

На овогодишниот Саем на книгата во Кочани се претставуваат 13 издавачки куќи, кои на кочанската читателска јавност ѝ нудат познати и нови наслови од најразлични жанрови.

Гостинка на настанот беше познатата македонска авторка Фросина Пармаковска, која во непосредна, пријатна атмосфера разговараше со присутните за творечкиот книжевен процес и за создавањето на ликовите во нејзините дела.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе