Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 15 ноември стапува на сила обврската за задолжителна зимска опрема во возилата, и истата е со важност до 15 март следната година.
Под зимска опрема во автомобилот се подразбира управување на моторно возило во зима со зимските гуми и се препорачува во багажникот од возилото да има една кутија со синџири.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, последиците од непочитување на оваа законска обврска се казнува со глоба возачот во износ од 45 евра во денарска противвредност.
Воедно полициските службеници може да наредат и прекин на натамошното движење на возилото, или возачот задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.
Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај е забрането поставување на пневматици со клинци.