Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Уапсен 24-годишник од Кочани: со возило удрил во паркиран автомобил па избегал
Ноќеска во 02.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода 24-годишниот Б.М. од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани, со патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, по што го напуштил местото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.