Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод 11 октомври, Денот на македонското востание, делегации од Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ и партиски делегации од Кочани, положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов, Раде Кратовче и Никола Карев во Паркот на Револуцијата, оддавајќи почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.