Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Детската недела што традиционално се одржува во првата седмица од октомври, во Паркот на Ревулуцијата првоодделенците од сите основни училишта од Кочани и Оризари, ја дадао свечената заклетва за прием во Детската организација. Во рамки на свеченоста се одржа и музичко-ритмичка програма во која настапија ученици од повисоките одделенија.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека на најмладите им е потребна поддршка за во иднина да израснат во успешни личности.
Во рамки на Детската недела, учениците во прво одделение во текот на оваа работна недела беа едуцирани за своите права и обврски.