Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Месецот Октомври е месец на Амфенол Технолоџи Македонија. Годинава гигантот од Кочани полни 11 години успешна работа. Од година на година има се поголем број вработени и се поголема автоматизација и дигитализација во компанијата. Бројката од 3.200 вработени секојдневно се зголемува, и покрај фактот што во последно време се оперира со машини – роботи, кои самостојно ги извршуваат работните задачи.
Генералниот менаџер на Амфенол Сашко Наков е презадоволен од досега постигнатото во сите десеттина бизнис единици, како и од остварениот приход и профит на компанијата. Тоа ми дава сила и храброст, со комплетниот тим од кој сум презадоволен, да не застануваме и да продолжиме со истото темпо.
Како општестевено одговорна компанија која за целиот изминат период донираше и помагаше во повеќе области од секојдневното живеење, Амфенол особено работеше посветено на еколошкиот аспект од тековното работење, за која цел се градат повеќе паркови и зеленило во непосредна близина на работните места.