Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Согласно одлуката на Советот на Општина Кочани, КЈП „Водовод” изврши промена на тарифникот за паркинг услуги на територија на општината со воведување на нови категории на возила и начинот на плаќање преку смс услугата и со фискален апарат.
За време на летниот период, паркингот се плаќаше во периодот од 9 часот наутро до 12 часот на полноќ.
Во текот на зимскиот период, наплатата ќе се врши од 9 до 22 часот навечер. При тоа управувачите на моторните возила кои ќе го паркираат возилото на паркинг просторот, каде што се врши наплата за услугата треба да плата 20 денари од час, додека возачите на товарни возила треба да издвојат 100 денари за час. Недела и празници, парикрањето е бесплатно.
Возачите кои нема да платат за паркинг, ќе им биде поставен блокатор, а за отстранување на истиот ќе треба да плата 700 денари.