Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница ги објави програмските содржини кои треба да се реализираат од 18 до 24 октомври во рамки на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.
Отворањето на настанот е закажано за наредниот петок со почеток во 19 часот, кога ќе биде отворена изложбата на карикатури на темата „Кој прв започна“ при што ќе бидат доделени и наградите за првите три места.
Половина час подоцна, свечено ќе биде отворена и новата Сина сала која е лоцирана во Домот на културата во Виница.
Во 20 часот пред приутните ќе се претстави комичарот Сашко Коцев со комедијата „Широк дијафазон“.
Наредниот ден, во 19 часот ќе се одржи Вечера на македонски афоризми, а еден час потоа ќе биде отворена и изложбата на плакати на фестивалот „10 години Imposter“.
На 21 октомври, во 19 часот ќе биде претставена тетатарската претстава „Ти спиеш, тебе ти се спие“ од аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија.
Четвртиот ден, пред публиката во Виница ќе се реализира театарската претстава „Љубовна терапија“ во изведба од Народниот театар „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Фестивалската програма на „Ин Виница веритас“ завршува на 24 октомври, четврток со едукативни часови за епиграм со средношколците од Виница, како и промоција на книгата „Палави епиграмчиња“ .
Во 11 часот е закажана изложбата на илустрирани епиграмчиња од Софија Ситновска.
Фестивалот за прв пат бил одржан на 26 септември 1993 година, за на крајот во 90-тите да згасне. Возобновен е во 2009 година, кога станува и меѓународен.
Организатор на тардиционалниот настан е Домот на културата „Тошо Арсов“, а финансиски поддржан од Министерството за култура и од Локалната самоуправа на Виница.