Радио Кочани
Кочани

Каратистот Филип Стојанов отпатува на СП во Италија

79

Филип Стојанов, член на КК „Партизан“ од Кочани како дел од Репрезентацијата на Македонија  вчера отпатува за Венеција, Италија, каде од 9 до 13 октомври ќе се одржи Светското првенство во карате за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година.

Стојанов во Венеција ќе настапи во конкуренција на јуниори во кумите (борби) во категоријата +76 килограми.

На ова Светско првенство организаторите најавуваат учество на над илјада каратисти од сите држави во светот.

Според распоредот на мечевите, каратистот на кочански „Партизан“, Филип Стојанов,  во Венеција, на Светското првенство во карате, првата борба ќе ја има во четврток, на 10 октомври.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio