Радио Кочани
Кочани

`1.315 земјоделци ги подигнале картичките „зелена нафта“ од Подрачната единица за земјоделство во Кочани

170

Веќе еден месец во Подрачаната единица на Министерствто за земјоделство во Кочани се врши распределбата на картичките за „зелена нафта“, при што до сега 1.315  земјоделци од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево ги подигнале картичките, а вкупниот броја на поденсени барања е 2.800.

Обврска на земјоделците е лично да ги подигнат картичките во просториите на Подрачаната единица, а потребо е да приложат и документ за идентификација.

-Со картичките ќе може да набавта гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април следната година, а доколку им преостанат средства што не ги искористиле, по тој рок ќе бидат блокирани.

Земјоделците може да ги подигаат картичките секој работен ден во периодот од 7:30 до 16:30 часот при што тие може да се земат и последниот ден од важноста, а сумата треба да ја потрошат веднаш, истакна Драгољуб Никовски, раководотел на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да може да ја добијата финансиската поддршка за дизел горивото, услов е земјоделците да ги имаат платено обврските за воден надомест кон Акционерското друштво Водостопанство.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочија дека на територијата на државата изработени се вкупно 44.704 картички со вредност од 493.282.867 денари.

Мерката „зелена нафта“ за прв пат беше воведена во 2019 година.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio