Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше свечен прием за гостинските делегации и ансамбли

128

Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и Херцеговина.

Во програмските содржини на манифестацијата ќе учествуваат и КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија;  ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора, Ансамблот за народни пресни и танци „Граовска младост“ од Перник, Бугарија и ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија.

На приемот присуствуваа членови на Советот на Општина Кочани и претставници на институции и здруженија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio