Радио Кочани
Кочани

Крводарителска акција во Црвен крст Кочани – собрани 35 крвни единици

84
Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, доктор и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска  крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 35 крводарители од нив 8 лица до 30 годишна возраст и еден првократен дарител.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio