Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Прес конференција се одржа денеска во Одделението на Управата за јавни приходи во Кочани. Во пресрет на Деновите на кочанскиот ориз, регионалниот портпарол на Управата за Јавни Приходи, Маре Данкова, апелираше до правните и физичките лица што се пријавиле за извршување трговска и занаетчиска дејност, да ги почитуваат даночните закони.Фискални каси и налепница „задолжително побарај фискална сметка” се неопходни.
Исто така, потребно е физичките лица да пополнат барање за паушално плаќање на данок на личен доход од времен карактер.