Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Викендов во Подгорица, Црна Гора, каратист на „Партизан“ од Кочани, учествуваше на Меѓународниот турнир во карате насловен „Куп на шампионите 2024“. Турниров беше последна проверка пред Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година што ќе се одржи во Венеција од 8 до 13 следниот месец.
Во Подгорица настапија најсилните состави на екипи од 12 држави: Србија, Грција, Кипар, Словенија, Унгарија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, БИХ и Хрватска.
Одличен настап на „Купот на шампионите 2024“ имаше Филип Стпјанов, кој во извонредно силна конкуренција го освои третото место и бронзениот медал во категоријата „кумите“ – јуниори до + 76 килограми.
Филип Стојанов е сигурен учесник на Светското првенство во Италија. Од КК „Партизан“ очекуваат негов успешен настап.