Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КиМ Ко Инфо работи под полна пареа. Младите новинари го повикаа градоначалникот на интервју…
Главна задача на учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ кои земаат активно учество во медиумскиот (новинарски) клуб КиМ Ко Инфо, е да ја информираат јавноста и своите другарчиња на тема образование и настани поврзани со оваа дејност.
За таа цел и на таа тема нашите идни колешки и колеги реализираа интервју со Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.