Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод 20 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани, КЈП Водовод и учениците од кочанските училишта се се приклучија на глобалната акција за чистење на отпад.
Граѓанската активност во знак на одбележување на Светскиот ден на чистењето се одржа кај спомен домот дом „Асном“, а кон оваа иницијатива се приклучија голем број на граѓани давајќи гo својот придонес за расчистување на оваа локација.
Светскиот ден на чистењето е најголемата еднодневна граѓанска акција во светот во која се ангажираат милиони волонтери на сите нивоа од општеството во повеќе од 191 земја за да се справат со глобалната криза со отпадот.
Д.Михајлов