Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место
Раководител во одржување – во ПЕ Конекус ( ACX )
Опис на работни задачи и одговорности:
- Организација и координација на тимот на одржување
- Водење на потребна документација за одржување на опрема и машини
- Управување и анализа со КПИ резултати за оддел одржување
- Управување и контрола на процес на набавки на резервни делови
- Координација при инсталација на опрема и машини и пуштање во работа на истите
- Координација со инженеринг одделот при трансфер на производи и процеси
- Комуникација со надворешни фирми за набавка или изработка на опрема или алат
- Следење на потребните превентивни и корективни акциони мерки
- Учество во подобрување и развој на работните процеси во одржување
- Изработка и анализа на дневни, неделни и месечни извештаи за работата на одделот Одржување
Потребни квалификации:
- Високо образование – предност од Технички факултети
- Работно искуство во одржување ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутер, MS Office
- Познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)
- Одлични комуникациски вештини, технички вештини, работа со алат
- Способност за координација и организација на цел тим вработени
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 19.09.2024 год. по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во просториите на фабриките. Задолжително ставете назнака:
Раководител во одржување – Connexus
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.