Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место: Референт за логистика за производна единица Connexus
Одговорности и задачи:
- Креирање извозни документи и организирање на извоз
- Организирање на утовар и царинење
- Заверка на документи
- Изготвување нарачки во медиа нет систем
- Креирање на фактури во Висма систем
- Организација и оптимизација на транспорт
- Контакт со царина
- Потврда на веќе испорачана роба во систем
- Креирање кредитни фактури во медиа нет систем
- Контролира и известува во магацин при испорака на производи
- Прави составници во медиа нет систем
- Постојана комуникација со купувачи за утовар и испорака
Потребни квалификации:
- Образование : Високо образование
- Работно искуство : ќе се смета за предност (посебно во производствена фирма од соодветната област)
- Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на законска регулатива и документација во врска со увозни и извозни формалности
- Способности: комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови;
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 20.09.2024 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.