Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 14.09.2024 година, сабота, ДПД Кочани во склоп на својот трети роденден го организира вториот Меѓународен противпожарен натпревар за доброволци, Kochani Fire Challenge 2024.
Ќе има екипи, освен од Македонија и од Србија, и од Словенија, Хрватска и Бугарија.
Настанот ќе започне од 10:00 часот со смотра и говори на градоначалник….. Потоа следува отпочнување на натпреварот кој е на четири полигони од кои три во централното градско поддрачје. Позади ЦК „Бели мугри“, во коритото на кочанска река кај големиот мост кај Шопингот и во Трговски. Еден полигон е и во кругот на пожарната.
Паралелно ќе се одвива и натпревар за најмладите во кој се вклучени сите училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево, што ќе се одржи во Градскиот парк.