Радио Кочани
Кочани

УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Пиеле со соседот, па го усмртиле со тврди предмети – Уапсени две лица

13,284

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.

-При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети, информира МВР.

Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.

 

Јавното обвинителство соопшти дека ОЈО Кочани веќе има издадено наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio