Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Производството на ориз во Македонија е концентрирано главно во источниот дел на Македонија, по течението на реката Брегалница, најмногу во кочанскиот регион.
Долгата традиција на одгледување на „белото злато“ кај нас е голема предност пред останатите житарици и во овие времиња може да не спаси од кризата со храна.
Годишното производство не само што е доволно за задоволување на потребите на македонското население, туку се извезува и во земјите од регионот, а може да се најде и на пазарите во Европската Унија.