Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 29 август 2024 година, со почеток во 12 ч., Општина Кочани ќе реализира електронско јавно наддавање за продажба на компактна бетонска трафостаница.
Трафостаницата e со јачина од 800 kVA, произведена 2017 година и е со проценета вредност од 2.078.700 ден., согласно Извештај за процена на машини и опрема. Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата е 41.574 денари.
Заинтересираните може да побараат увид на предметот на продажба на наведената локација, по претходно закажување на тел. 072 275 605. Лице за контакт Венцо Бојков.
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат пријава.
Целосната објава е на веб-страницата на Општина Кочани на линкот ОВДЕ.