Радио Кочани
Кочани

ПОСТИГНАТА РЕКОРДНА ПРЕМИЈА ВО ИГРАТА НА СРЕЌА ЛОТО 7

255

Државна лотарија известува дека во 64 коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 109 012 304,50 денари, (над 1,7 милион евра). Извлекувањето се реализираше , во сабота, на 10ти август 2024 г., со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ВЛАДИЈА 2011, во  Охрид. Уплатени се 10 лото-комбинации, а добитна е 6-тата комбинација со броевите: 7, 10, 273133, 35, и 36.

Ова е 28-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година), а во едно и најголемата која е постигната до сега.

За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје.

Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на ЛОТО 7.

Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитник и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на најновиот лото милионер.

Во тек е уплатата за коло 65, а премијата за 7-ка изнесува 10 000 000 денари, премија која е гарантирана од страна на Државна лотарија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio