Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Aмфенол вработува Процес инженер ( за поддршка на производни процеси) – КЕ
Одговорности и задачи:
- Поддршка на процесот на реализација на производство при воведување на нови процеси и машини на постојни или на нови производи. Водење сметка дека за тоа се обезбедени неопходниот тренинг и ресурси.
- Анализа и планирање на акции за континуирано подобрување на квалитетот на процесот
- Изработка на технички документи, процедури, работни упатства и инструкции за процеси и операции
- Проверка и одобрување на оперативноста на опремата. Комуникација со производителот на опремата на начинот на работењето и одржувањето на истата. Унапредување на текот на материјалите помеѓу операциите и процесите. Намалување на времето на изработка.
- Ажурирање на работни упатства
Потребни квалификации:
- Предност високо образование ( технички науки)
- Работното искуство ке се смета за предност (посебно во производствена фирма)
- Основно познавање на англиски јазик
- солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на AUTOCAD
- Флексибилност во поглед на работното време
- Способност да ги следат и почитуваат процедурите и работните упатства.
- Да можат да работат под временски притисок
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 16.08.2024 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.