Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани – партнер во меѓународниот проект Промовирање на територијални стратегии за одржлива мобилност и зелена енергија

129

Општина Кочани се вклучи во интернационалниот проект PROMOTER – Промовирање територијални стратегии за одржлива мобилност и зелена енергија, финансиран  од програмата Interreg Europe, каде лидер на проектот е Општина Ливорно од Италија, а има партнери од Латвија, Романија, Финска, Белгија, Чешка, Шпанија, Португалија и Унгарија. Општина Кочани во проектот е партнер-набљудувач, а Центарот за развој на Источниот Плански Регион е вклучен како заинтересирана страна.

Проектот има цел да ѝ помогне на ЕУ да ги постигне своите цели за климатска неутралност, со фокусирање на мобилност без јаглерод, како придонес за поквалитетна и позелена територија.

На студиското патување од 8 до 11 јули 2024 година, реализирано во рамките на проектот со претставници од Општина Кочани и од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, беа претставени добри практики од искористувањето на Општината Резекне на ЕУ-фондовите за градење нови инфраструктурни објекти и за подобрување на енергетската ефикасност на старите објекти, како и за искористувањето на обновливите извори на енергија.

Пред другите партнери беше претставена Општина Кочани со потенцијалите со кои располага, коишто може да се искористат за остварување на целите на проектот.

Кочани е прва општина од Република Македонија која учествува во имплементирање на проект од програмата Interreg Europe.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio