Радио Кочани
Кочани

Апел за внимателно и совесно однесување заради намалување на ризиците од пожари

860

Поради високиот ризик за појава на пожари, Општина Кочани, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани упатуваат повик до сите граѓани за внимателно, совесно и одговорно однесување при употреба на запаливи средства.

Во пресрет на продолжениот викенд, како и на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, кога се очекува зголемена фреквенција на луѓе низ планински населени места во Кочанско, надлежните потсетуваат дека е на сила забраната за движење во шума и забраната за палење оган на отворен простор. Секое движење во шума е со дозвола издадена од шумските стопанства – секое недозволено движење е казниво.

Службите за заштита и спасување преземаат соодветни превентивни и репресивни мерки и ги повикуваат граѓаните што ќе забележат неодговорно однесување со оган од други лица, да го пријават на телефонските броеви 192 и 193.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio