Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Кочанските пожарникари – поддршка во гасењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна
Пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кочани од утрово се наоѓаат на планината Серта каде што учествуваат во гасењето на пожарот кој неколку дена беснее во овој крај.
Поддршката во гасењето на пожарот е со едно теренско возило и четворица пожарникари од кочанската противпожарна единица.
Кризниот штаб на Општина Неготино, на состанокот што го одржал на 17 јули, донел одлука да побара помош од други територијални противпожарни единици, како и интервенција од воздух, поради непристапниот терен каде што не може да се интервенира со луѓе и со механизација.
На вчерашниот состанок на Кризниот штаб присуствувале и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и по насока на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски, се поставени контурите за дејствувањето против пожарите. На терен се припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови од пријателски земји на Македонија. Формиран е и Регионален кризен штаб со седиште во Кавадарци, со кој раководи градоначалникот Митко Јачев.