Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денес во Кочани, на овој пазарен ден кога раздвиженоста е зголемена, Општинскиот совет за безбесност на патиштата во соработка со МВР реализираа превентивна акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот под мотото „И јас и ти сите сме пешаци“ наменета за сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на пешаците.
На граѓаните им беше поделен едукативно – превентивен материјал и беа водени разговори, во кои им се даваа препораки се со цел намалување на ризиците од несреќи во сообраќајот.